Услуги

Ви ги нудиме „Анализа за добивање профил на темпераментот“, и методот наречен „Терапија на созданието“, кој е релативно нова концепција, но кој се покажува исклучително успешен. „Терапијата на созданието“ се базира на теоријата на темпераментот (разбирање на внатрешната личност) и го користи ова знаење за да ни помогне да се запознаеме себеси. Овој метод на советување претставува една многу ефективна терапевтска програма. Целта на оваа програма е да го определи вродениот темперамент преку Профил системот Арно (ПСА), кој преставува анализа и е со точност од 95,3%. Овој терапевтскиот модел има докажана успешност од 93.4% и е определен врз основа на резултатите од спроведената терапија на повеќе од 7. 000 лица.

Разбирањето на темпераментот ни дава едно посебно познавање што се случува внатре во човекот. Ни помага да ги утврдиме тензиите или чувствата со кои некој се бори.

Затоа се пополнува прашалник кој овозможува да се направи профил. Од профилот добиваме јасна слика за темпераментот, и кои се потребите на темпераментот. Овој профил систем овозможува да се направи профил на темпераментот дури и на деца над 7-годишна возраст ( 7 – 11), и тинејџери (12 – 17), и на луѓе над 18-годишна возраст. 

На одреден начин, ПСИХОБАЛАНС им се обраќа на младите и им помага на паровите кои размислуваат да започнат, или веќе го започнале своето брачно и семејно патување. Целта е да им ги престави новите хоризонти кои ќе им помогнат да ги откријат убавината и величината, не само на љубовта, туку и на љубовта спрема животот.

ПСИХОБАЛАНС преку предбрачното советување може да ви помогне да имате сигурност дека вие и вашиот партнер имате цврста, здрава врска и да ви даде подобра шанса за стабилен и задоволителен брак. Предбрачното советување може да ви помогне и да ги идентификувате слабостите што можат да станат проблеми за време на бракот.

Знаејќи дека бракот и семејството претставуваат едни од најскапоцените човечки вредности, ПСИХОБАЛАНС верува дека предбрачната и брачната заедница се состои од двајца партнери, еден маж и една жена, (момче и девојка и сопруг и сопруга),  додека семејната заедница се состои од еден маж и една жена (сопруг и сопруга), со едно или повеќе деца.

Среќата во еден брак многу зависи од тоа колку добро секој од партнерите го познава темпераментот на другиот и колку е склон да ги задоволи потребите на другиот.

Тука сме да им помогнеме на брачните двојки и на членовите на семејството да ја подобрат комуникацијата и да ги решат конфликтите.

ПСИХОБАЛАНС нуди не само стручна и професионална, туку и едукативна помош на оние што се веќе свесни за вредноста на бракот и на семејството и бараат продлабочување и изградување на таквите односи. ПСИХОБАЛАНС е тука и за сите оние што се несигурни и вознемирени, и се во потрага по вистината, и за оние што се неправедно спречени да живеат слободно во брачниот и семејниот живот. Поддржувајќи ја првата група, осветлувајќи го патот на втората група и помагајќи им на другите, ПСИХОБАЛАНС му ги нуди своите услуги на секој човек кој се прашува за судбината на бракот и семејството.



Се состои од група луѓе кои ги делат истите проблеми и меѓусебно си помагаат користејќи ги искуствата на другите членови како коректив. Тука, заедно со другите членови, можете да доживеете различни искуства и емоционални состојби. Научените лекции во групата успешно може да се употребат во други заедници, како што се семејните и работните колективи. Предноста е во тоа што членовите на групата можат да бидат важен извор на поддршка и разбирање и може да ви понудиме поинакви видувања од различни перспективи. Членовите на групата учат разновидност, почит и благодарност едни спрема други и развиваат чувство на припадност.

Доколку пред вас стои значајна одлука за избор на професија или образование, но не сте сигурни или се двоумите, ПСИХОБАЛАНС ви  нуди услуга на професионална ориентација и советување. Професионалната ориентација вклучува консултативен разговор, пополнување на прашалник  и советување, кои ќе ви овозможат да се запознаете самите себе, да ги осознаете своите лични способности и недостатоци, и ќе ви помогнеме да го направите најсоодветниот избор за вас. Да донесете правилна одлука и да се заштитите од можните непријатности, разочарувања и неуспеси како резултат на вашиот избор.

Информацијата што ја добиваат родителите за темпераментот на нивните деца им помага да имаат точен пристап во воспитувањето и во правилното насочување за нивната идна професија.

Тестот со боите на Макс Лушер ни дозволува да ја дијагностицираме и да ја измериме психофизиологичната состојба на човекот, неговата отпорност на стресот, активноста и комуникативните способности. Тестот на Лушер овозможува да се утврди причината за психолошкиот моментален стрес, кој може да доведе до појава на физички симптоми.

Како што читате или дискутирате за вашиот профил, важно е да се запомни дека ова е општа дијагноза и не е специфично толкување на вашиот живот или однесување. Тоа е вредно бидејќи ќе ви помогне да ги откриете силните страни што може да ги развиете, како и слабостите на кои може да им одолеете. Исто така ќе ви ги открие незадоволените потреби кои можат да предизвикаат стрес и конфликт во вашиот живот и во вашите односи со другите. Тешко е да се разгледаат можните слабости во нашите животи, но ако сме отворени за промени, разбирањето на нашите слабости може да ни помогне да ги решиме конфликтите во самите нас (внатрешниот човек), и да ги подобриме нашите односи како со околината така и со блиските.

Ефективноста на советувањето зависи од степенот на вашата желба за промена, како и вашата соработка за сопствениот развој.