За мене

Здраво!

Јас сум Драган Б. Блажевски и со моето стручно и професионално знаење, како и животно искуство, го основав ПСИХОБАЛАНС со цел постигнување баланс во вашиот живот без употреба на традиционалните терапии. Нудам голем број услуги за надминување на емоционално тешката ситуација во која се наоѓате, и постигнување на посакуваната промена. Заедно ќе поминуваме чекор по чекор на патот кон целта за да можете да продолжите задоволно и сигурно.

За да можеме навистина да ги сфатиме суштината и значењето на Терапија на созданието, прво мораме да разбереме каква е состојбата на човекот кога се наоѓа во дисбаланс и која е причината за тој да биде исцрпен – духовно, физички и емоционално. Овде би додал и колку е важно за внатрешниот човек да биде во полн баланс, односно во полна хармонија.

Исто така, би сакал да споделам со вас неколку информации за себе:

Роден сум во Скопје во 1962 година. Во Скопје завршив основно и средно образование, а високото образование го продолжив во Софија, Бугарија, каде што дипломирав Теологија и магистрирав Пастирско советување на Високиот Евангелски Богословски Институт. Своето стручно усовршување го продолжив во САД на Академијата за христијанско советување „Сарасота“, каде што ја завршив обуката за христијански советник и станав нивни постојан член. Јас сум професионален терапевт за методот „Терапија на созданието“, и успешно ја завршив програмата за работа со Тестот со боите на швајцарскиот психолог Макс Лушер. Исто така сум сопруг, татко, свекор и дедо, и мојата страст е да им помагам на луѓето на професионален начин. 

М-р Драган Б. Блажевски