Семејството во современиот свет, како никогаш досега, и истовремено, повеќе од било кога и од било која друга институција, е опкружено со најразлични притисоци, кои влијаат на многу длабоки и брзи промени, промени кои го деградираат, кои водат до негово уништување и директно влијаат врз општеството и културата. Многу семејства , многу силно ја чувствуваат оваа ситуација, и истовремено, голем е бројот на оние кои длабоко веруваме, во вредности што ја сочинуваат основата на институцијата на семејството. Има и такви, кои станаа несигурни и збунети за нивната улога, па дури и сомнителни и речиси не се свесни за крајната смисла и вистина на брачниот и семејниот живот. Тука сме да им помогнеме на брачните двојки, и на членовите на семејството да ја подобрат комуникацијата и да ги решат конфликтите.Знаејќи дека бракот и семејството претставуваат една од најскапоцените човечки вредности, ПСИХОБАЛАНС верува дека пред брачната и брачната заедница се состои од двајца партнери, еден маж и една жена, (момче и девојка и сопруг и сопруга), додека семејната заедница се состои од еден маж и една жена (сопруг и сопруга), со едно или повеќе деца. ПСИХОБАЛАНС нуди, не само стручна и професионална, но и едукативна помош на оние кои се веќе свесни за вредноста на бракот и семејството и бараат продлабочување и изградување на таквите односи, но исто така ПСИХОБАЛАНС, е тука за сите оние кои се несигурни и вознемирени и се во потрага по вистината, и на оние кои се неправедно спречени да живеат слободно во брачниот и семејниот живот. Поддржувајќи ја првата група, осветлувајќи го патот на втората група и помагајќи им на другите, ПСИХОБАЛАНС ги нуди своите услуги на секој човек кој се прашува за судбината на бракот и семејството.На одреден начин ПСИХОБАЛАНС им се обраќа на младите и им помага на паровите кои размислуваат да започнат, или веќе го започнале своето патување низ бракот и семејниот живот, со цел да им ги престави новите хоризонти, кои ќе им помогнат да ги откријат убавината и величината, не само на љубовта, но и на љубовта кон животот.Предбрачното советување може да ви помогне да имате сигурност дека вие и вашиот партнер имате цврста, здрава врска и да ви даде подобра шанса за стабилен и задоволителен брак. Предбрачното советување исто така може да ви помогне да ги идентификувате слабостите што можат да станат проблеми за време на бракот.
М-р Драган Б. Блажевски